По распламтувањето на кризата на релацијата Турција – Сирија, германски “Фолксваген“ ја стави на мраз својата одлука за изградба на нова фабрика кај Измир, Турција, вредна повеќе од една милијарда евра.
Иако е веројатно јасно дека кризата не би требало да трае долго и оти работите би требало да се вратат на своето место, сепак, сите оние што најмногу беа заинтересирани за фабриката на „Фолксваген“, веднаш почнаа да лицитираат и да нудат зголемување на поволностите што му се нудат на германскиот производител на автомобили.
Првин почна Бугарија, па Србија, Романија, а сега такви најави стигнуваат и од Хрватска. Според онаа балканската – додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува.