Мачка стана редовен „ученик“ во основно училиште во Измир – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/19 10:23 AM

Мачка стана редовен „ученик“ во основно училиште во Измир

Мачката Томби што учениците претходно долго ја хранеле во училиштниот двор, полека се навикнала на децата и почнала да влегува во училницата и, така, станала еден од најредовните „ученици“. Учителката забележала дека многу ученици од одделението почнале порано да даоаѓаат во училиштето за да поминуваат повеќе време со Томби.

Поради тоа и земајќи ги предвид неконвенционалните методи на подучување, учителката Озлем Пинар од основно училиште во турскиот град Измир одлучила на мачката да и’ овозможи присуство во одделението за децата дополнително да ги заинтересира за часовите. И’ биле извршени потребните вакцини, и’ бил изваден и пасош. Но, еден од родителите на децата бил загрижен поради хигиента во училницата, па Томби не добила престој од управата на училиштето. Учителката морала да ја однесе во својот дом.

Но, за повторно враќање на Томби меѓу учениците, се ангажирале надлежните органи на власта и мачката деновиве повторно почна да оди на училиште.

„Учениците станаа многу повнимателни откако Томби доаѓа на настава. Порано трчаа низ училницата и имаше неред. Сега се трудат да не ја разбудат ако спие, да не трчаат за да не ја вознемируваат, потивки се“, објаснува учителката.

Учениците најавуваат дека на „соученичката“ Томби ќе и’ направат и убава куќичка во дворот на училиштето за да има пријатен престој и да биде на сигурно и во попладневните и ноќните часови.