Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на новинарското прашање дали ќе понесе политичка одговорност по објавување на новата „бомба“ од Ел Чека , нагласи дека тој телефонски разговор потврдува дека, како што рече, не се исти со ВМРО ДПМНЕ.
-Јас и пред вас ќе ги повикам сите иснтитуции, особено оние што се занимаваат со избори, да гласаат согласно со законите и принципиелно. Тоа сум го кажувала јавно и во телефонски разговори во 2013-та година, тоа и денеска го мислам. Овој телефонски разговор покажа дека за разлика од претгодната власт ние не зборуваме едно во јавност а друго по телефон, одговори Шекеринска од денешниот настан во Велес.
На прашањето за тоа дасли била повикана во Обвинителството, Шекеринска вели дека тоа не е нејзина работа.
-Тоа не е моја работа, но јас едно ќе ви кажам – би биле прва држава да се бара одговорност за некој што повикувал да се почитува законот. Јас се надевам дека во оваа држава (бидејќи тој процес се’ уште не е завршен), навистина ќе одговараат сите оние коишто учествуаа во изборни кражби сиоте оние коишто учествуваа во изборни нерегуларности и сите оние кои даваа силна поддршка да се крадат избори и да се манипулираат гласачите. За жал, сите тие просеци се’ уште не се завршени, изјави Шекеринска.
Во „бомбата“ што ја објави Ел Чека, наводно Радмила Шекеринска за време на Локалните избори 2013 година, од тогашниот висок функционер на ДУИ Фатмир Бесими укажува на потребата од принципиелно гласање од членот на ДИК, Субхи Јакупи. Наводите се однесуваат на изборните процеси во општините Центар и Куманово, каде женскиот глас укажува на потребата Јакупи „принципиелно да гласа, за изборниот процес да не добие црвен картон“.