Канал 5: Кому ли му треба скандалозната и компромитирана 1 ТВ? – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/19 10:12 AM

Канал 5: Кому ли му треба скандалозната и компромитирана 1 ТВ?

Дека нешто повторно „замирисува“ во сега веќе навидум згаснатата 1ТВ, повеќе е од јасно, пишува ТВ Канал 5. Прашањето е само кој , како и зошто сака да ги превземе компаниите БМЈ Медиа Гроуп , фирма која е формален сопственик на 1ТВ, а во која како сопственици се јавуваат таткото на Боки 13, Миле Јовановски, и „сомнителното лице“ Јасна Мандиќ.
Какви се мотивите на некој лик, според денешниот брифинг на УЈП, крајно непознат за јавноста, кој никогаш немал контакт со медиумите?

Секој кој има барем мало искуство во реалниот бизнис, или дополнително во медиумскиот бизнис, сигурно ќе си постави многу прашања.

Зошто некој би презел , со договор кој не е заверен на нотар, две фирми ( БМЈ и 1ТВ ), и притоа ќе ги подмири сиде долгови према УЈП и останатите доверители? Зошто, кога може истото тоа лице да отвори медиум ( читај кабелска ТВ ) без да враќа долгови кои не се баш мали?
Дали можеби тоа лице сака да ги презеде фирмите, да и ги плати сите побарувања на државата и потоа „на раат“ да ги ликвидира фирмите?

Ова е една реална опција која денес се споменува во медиумските кругови, притоа нашата фела додава – сигурно има уште којзнае колку „интересни“ моменти во 1ТВ, кои најдобри би било буквално да се ликвидираат . Ликвидирана фирма – и глава некого нема да боли.
Но можно ли е да постои и  потенцијален „нарачател“ на оваа бизнис акробација? Може ли некој од инволвираните лица во оваа мега афера „Рекет“ да сака евентуално  да го намали или анулира долгот спрема државата и со тоа да си ја ублажи евентуалната казна ? Се е можно.

Како е можно телевизијата која самата , од страна на Миле Јовановски, започнала стечајна постапка, и која нема жив вработен во просториите кои и досега беа користени,  се уште да емитува сигнал и ТВ програма? АВМУ реагира ли на овој „ феномен“? Или МВР ?  Значи ли ова дека некој пиратски емитува ТВ програма, односно без дозвола? Во Агенцијата за медиуми , во нивниот регистар се уште фигурираат одговорни лица ( Мандиќ-Ерцеговиќ, Дувњак,Кочишки… ) кои не ја поминале портата на 1ТВ долго време.
Го добивме ли првиот модерен „пират“ кој емитува нелегално ТВ програма, а институциите мува не ги лази?!

За крај, што се случи со новинарските „бардови“ за едни, а „ведети“ за други, кои обилно го величеа ликот и делото на , за нив, највлијателниот медиумски лик, нивниот „сопственик“ – Бојан Јовановски?
Чомовски, Борјан Јовановски, Сашо „Државна Тајна“ Орданоски, Јадранка и Ацо…никој ли уште не ги повикал да ги прашаат дали можеби примале дел од „луј витон“ парите, како плата за нивниот обемен труд во телевизијата на Боки Тредичи?
Не за друго, да и помогнат на Вилма Рускоска да окрие каде завршија останатите 1.2 мил евра, познати како „Рекет“?

(ТВ Канал 5)