Золт Боркал, градоначалникот на Гер, кој беше снимен на јахта кај Дубровник додека оргијал наводно со проститутки, доби нов мандат на чело на тој северозападен унграски град.
Тој е член на владејачкиот Фидез. Снимката што кружи на порнографските страници не била доволна да го симне од градоначалничката функција. „Вашингтон пост“ пишува дека спорната содржина, сепак, значително влијаела на изборните резултати на Фидес на неодамнешните локални избори во Унгарија.