Зошто македoнската влада во донесувањето на одулката за почеток на преговори не побарала раздвојување од Албанија, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во видео интервју. Тој соопшти дека минатиот петок се сретнал со министер за европски прашања од една од најголемите европски земји и прашал дали има можност Македонија да се раздели од Албанија и дали некој од македонската влада побарал такво нешто од ЕУ. Министерот му одговорил дека тоа никој од нив не го побарал.
-Промената на името, односно Преспанскиот договор беше потпишан на 17 јуни, а на 29 јуни Европа ѝ кажа на Македонија дека нема да добие датум за преговори. Паметна влада немаше да слезе од авион од лобирање од главен град до главен град Македонија да се раздвои од Албанија и да бара листа на реформи што треба да направи државава за да добие датум годинава. Наместо тоа, тие се корумпираат дома и бараат милиони евра во вреќи. Затоа сме овде каде што сме, изјави Николоски.