Во Русија изречена првата казна за лажни вести – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 7:26 PM

Во Русија изречена првата казна за лажни вести

Прекршочниот суд на московскиот округ Хорошевска ја казнил издавачката куќа „Момент на вистината“ за злоупотреба на слободата на медиумите.

Главниот уредник е казнет со парична глоба, изјави портпаролката на судот Мери Макарчук .Како што е наведено, казната за фирматае 200.000 рубли (околу 2.800 евра), додека казната за вработен е 60.000 рубли (околу 850 евра).

Макарчук рече дека лицата кои биле инволвирани во случајот биле информирани за постапките што ги покрена Роскомнадзор, но не се појави на суд.

Ова е прва казна изречена за лажни вести во Русија.